Забрзано стареење и стрес

Научниците докажале дека поради присуство на хроничен стрес во организмот доаѓа до забрзано стареење.Успешното регулирање на стресот е основа на "антиејџинг" медицината...

Стрес и карцином

Хроничниот стрес и трауматските настани во животот го "рушат" имунитетот.Научниците докажале дека под нивно дејство имунолошкиот систем дозволува појава и ширење на карцином...

Форум – Дали живееме во стрес

Дали живееме под стрес? Колку е стресот присутен во секојдневието? Што се најчестите причини за стрес денес? Членовите на Антистрес клуб дискутираат во клупскиот форум...


Ново!! Антистрес он-лајн!

Аудио-визуелни АНТИСТРЕС, ВЕЛНЕС и АНТИЕЈЏИНГ програми.

Научете ги вештините на:

релаксационен тренинг

Психомоторна релаксација

висцерален тренинг

Регулирање на стресот во внатрешните органи

позитивен тренинг

Позитивно програмирање на мислите

самоисцелување тренинг

Покренување на моќта на самоисцелување

контемплативен тренинг

Смирувачка медитација и влез во здрав сон

вионизер

Ресетирање на врската ум-тело

Ефикасни програми за минимална цена!
Едноставни за употреба!

 ОПШТО ЗА СТРЕСОТ

Појдовни основи

Во современата култура на живеење се почесто се сретнуваме со човековото користење на поимот стрес. Вообичаено искажувањата се од типот: „да се биде под стрес“, „да се преживее стрес“, „да се очекува стрес“, како и констатациите „попушти под стрес“, „се разболе од стрес“, „почина по силен стрес“ и сл. Сето тоа го одредува стресот како сеприсутен фактор на реалноста, кој потенцијално или пак изразено ја наштетува рамнотежата во организмот на човекот во смисла на помало или поголемо нарушување на здравјето и опстанокот на единката во средината во која што живее.

Филозофија

Стресот представува едновремен повик на животот и смртта, симбол на вечната борба меѓу Ерос и Танатос.

Дефиниција

Стресот претставува состојба на загрозеност на био-психо-социјалната рамнотежа на организмот.

Значење

Човековиот организам развива состојба на дисбаланс (пореметена рамнотежа) под влијание на различни надворешни и внатрешни фактори.

Цел

Стресот има за цел да овозможи прилагодување на организмот (адаптација) кон ненадејни промени, односно кон изменети услови за живот.

Исход

Резултатите од стресната состојба можат да бидат позитивни – еустрес и негативни – дистрес. Позитивниот резултат води кон мотивација и правилна адаптација, додека негативниот резултат води кон опстојување на стресната (дисфункционална) состојба, а тоа понатаму до болест (дефект на организмот) или смрт.

Статистика

Скоро 90% од сите болести се директно или индиректно поврзани со стресот. Најголемите трошоци, воедно, од здравственото осигурување паѓаат на товар на последиците од стресот. Стресот е поврзан и со водечките причинители на смртта: срцевите заболувања, канцерот, болестите на белите дробови, несреќните случаи, цирозата и самоубиството.

Актуелност

Современиот начин на живеење забрзано и секојдневно го зголемува нивото на акумулиран (хроничен) стрес како и честотата на новосоздадениот (акутен) стрес. Тоа се одразува врз енормното покачување на застапеноста на посттрауматските состојби, емоционалните пореметувања, пореметувањата во однесувањето, психосоматските заболувања и психоимунолошките оштетувања. Сето тоа е резултат и на повеќегодишната изложеност на психосоцијалните стресори (војни, егзистенцијалната несигурност, изменетите односи во работата, семејството, училиштето, меѓучовечките релации, влијанието на медиумите, политиката итн.).

Потреба

Од сето претходно изнесено произлегува потребата од мултидисциплинарен пристап кон стресот. Таков пристап би требало да овозможи создавање на адекватен програм за откривање и регулирање на стресот и неговите последици.

Програм за стрес-менаџмент

Современиот програм за стрес менаџмент треба да ги предвиди следните содржини:

  • А. Откривање (дијагностицирање) – утврдување на присуството и нивото на стресот, дефинирање на стресните фактори, улогата на личноста како подлога за стресот (одбрамбени механизми итн.), последици од стресот (психички, социјални, соматски, имунолошки итн.)
  • Б. Регулација (совладување) – техники за ментално и телесно ослободување (прочистување) од стресните последици, воспоставување на внатрешен и надворешен баланс, учење на програми за натамошна превенција.
  • В. Следење – до стабилизација на балансот во организмот.

 

Примена

Стрес–менаџмент програмата е наменета за превенција и третирање на последици од стресот на повеќе нивоа:

  • Психичко (ментално) ниво
    На ова ниво феномените обично се изразени во вид на: постојана внатрешна и телесна напрегнатост, чувство на непријатно исчекување, вознемиреност, болност, немоќ, незадоволство, немотивираност, несоница, кошмарни мисли, раздразнетост, исцрпеност, панични напади, депресивност итн.
  • Психосоматско ниво
    На ова ниво последиците се вообичаено во вид на заболувања од типот: тахикардија, аритмија, ангина пекторис, срцев инфаркт, стрес диабетес, хиперлипидемија, тиретоксикоза, чир на желудник и црево, улцерозен колитис, мигрена, невродерматитис, уртикарии, псоријази итн.
  • Психоимунолошко ниво
    Ова ниво подразбира развој на автоимуни (артритис, лупус, мултипла склероза итн.) и малигни (карциноми итн.) заболувања како последици од стресот.
  • Социјално ниво
    Подразбира дисфункција на социјалните улоги (семејство, професија, дружење итн.).


ТЕОРИСКИ ОСНОВИ

Што е тоа стрес? На ова прашање многу автори се обиделе да дадат воедно концизен и опфатен одговор, опишувајќи ги при тоа поединечно делумно феномените на стресната ситуација (стресор) и стресниот одговор. При тоа стресната ситуација е одредена како состојба предизвикана со промени во надворешната или внатрешната средина, кои ја пореметуваат динамичната биопсихосоцијална рамнотежа која не може потоа да се воспостави за вообичаено долг период на време. Стресниот одговор е дефиниран како реакција на организмот кон одреден предизвикувач – стресор. Види повеќе...

ПОРЕМЕТУВАЊА ПОВРЗАНИ СО СТРЕС

Во ова поглавие можете да се запознаете, преку поедноставен приказ, со спектарот на реакции и пореметувања кои е поврзани со стресот. Тоа ќе ви овозможи за кратко време да стекнете основен увид во промените кои ги предизвикува стресот по системите во човечкиот организам. Секако, треба да се знае и тоа дека стресот е едновремено и неизмерно креативна подлога за развивање на непрегледна низа од реакции и пореметувања, кои во праксата го дополнуваат табеларниот приказ кој следи. Види повеќе...

РЕГУЛИРАЊЕ НА СТРЕСОТ

Една од најважните вештини која треба да ја усвои современиот човек е вештината на регулирање на стресот. Управувањето со стресот представува и ќе представува темел на опстанокот и успехот на човекот од 21-и век. На табелата која следи представен е основниот модел на успешниот пристап во управувањето со стресот. Види повеќе...

Што е тоа стрес?

Дали, колку и кога е опасен?

Информирајте се правилно за стресот и стресните последици!

Колку сте под стрес?

Колкава ви е склоноста и ризикот кон стресни пореметувања во моментов?

Дали сте анксиозен, депресивен?

Имате ли панични напади?

Тестирајте се бесплатно!

Сакате да научите како да го регулирате стресот?

Одберете го вистинскиот програм за самопомош!

Имате потреба од стручен совет?

Советувајте се он-лајн!

Сакате да учествувате во заштитени групни дискусии?

Бидете учесник на клупскиот форум!

Имате потреба од достап до специјални програми за регулирање на стресот и стресните последици?

Станете член на Антистрес Клуб!

Сакате неограничен месечен пристап до аудио-визуелните програми?

Станете член на Антистрес Клуб!