Забрзано стареење и стрес
Научниците докажале дека поради присуство на хроничен стрес во организмот доаѓа до забрзано стареење.Успешното регулирање на стресот е основа на "антиејџинг" медицината...
Стрес и карцином
Хроничниот стрес и трауматските настани во животот го "рушат" имунитетот.Научниците докажале дека под нивно дејство имунолошкиот систем дозволува појава и ширење на карцином...
Форум – Дали живееме во стрес
Дали живееме под стрес? Колку е стресот присутен во секојдневието? Што се најчестите причини за стрес денес? Членовите на Антистрес клуб дискутираат во клупскиот форум...
МОЌТА Е ВО ВАС!
Моќта е во вас! Отсекогаш сте чувствувале дека длабоко некаде во внатрешноста на умот постои огромна моќ за самоисцелување и брзо закрепнување. Во исто време, насетувате дека доколку не се почитува, таа иста моќ се трансформира во опасен двигател на бесконечен низ растројства и заболувања. Стресот и емоционалните страдања се клучните точки на кои може да се разурне или, пак, унапреди здравјето. Останува на нас во текот на животот да се обидеме да ја запознаеме вистинската моќ на умот со која тој владее врз здравјето, среќата и успехот.
Што претставуваат овие интерактивни програми?
Добредојдовте во подрачјето на интерактивни интернет програми за самопомош (InInSHD)! Тие претставуват специјално дизајниран аудио-визуелен медиум, преку кој се покренува енормната психичка моќ која лежи внатре во сите нас. Овие програми ја насочуваат таа всадена моќ кон регулирање на стресот, самоисцелувањето и зголемувањето на контролата врз сопствениот ум и тело. Со нивното правилно користење вие ќе се здобиете, од една страна, со моќни ментални алатки за брзо и успешно справување со стресот и неговите последици во критичните моменти кога ќе ви бидат неопходни. Од друга страна, пак, со систематското и концентрирано користење на овие програми, по релативно краток период ќе бидете обучени за нивна самостојна примена во ситуациите кои тоа ќе го бараат.
Која е целта на овие програми?
Поголемиот дел од овие програми служат како исклучително ефикасни тренинг програми кои ве водат кон учење на вештините на релаксација (Релаксационен тренинг), на управувањето со работата на внатрешните органи (Висцерален тренинг), позитивното програмирање на мислите (Позитивен тренинг), самоисцелувањето (Тренинг за самоисцелување), подобрување на способноста за смирувачка медитација и креативна визуализација (Контемплативен тренинг), како и постигнување на брза синхронизација - ресетирање на врската меѓу умот и телото (Вионизер). Овие програми претставуваат патентирани и авторизирани иновации наменети за он-лајн употреба. Крајната цел е овозможување на позитивни ефекти врз психата и телото на корисникот од далечина, за минимална цена.
Како се настанати овие програми?
Интерактивните интернет програми за самопомош (InInSHD) се авторски бренд на Др. Звонко Џокиќ, невропсихијатар, познат и меѓународно признат експерт во подрачјето на психотерапијата, стрес-менаџментот и менталниот коучинг. Настанати се во текот на неговото повеќе од дваесетипетгодишно искуство во успешната примена на најразновидни техники во третманот на стресните, невротските и други психички пореметувања.
За кои состојби се наменети овие програми?
Овие програми се наменети за самопомош во регулирањето на внатрешната рамнотежа ум-тело нарушена од широк спектар на психички и психосоматски состојби: акутен и хроничен стрес, работен стрес, психичка напрегнатост и внатрешен немир (анксиозност), панични состојби, фобии, посттрауматски пореметувања, исцрпеност, несоница, психосоматски заболувања поврзани со стрес (кардиоваскуларни – инфаркти, хипертензија, атеросклероза, тахикардија, аритмија итн.; на органите за варење - улкуси, колити, илеити, раздразнетост на цревата и стомакот итн.; белодробни – астма, психички условено отежнато дишење и сл; кожни – неуродерматити, екцеми, псориајза и сл.; хормонални – дијабетес, тиреоидеа, ПМС; метаболни – хиперлипидемии итн.), имунолошки пореметувања (карциноми, артрити итн.). Исто така, овие програми претставуваат и одлична алатка за јакнење на одбранбените потенцијали на организмот на соматски план, како и на самодовербата и менталните капацитети на психички план.
Процедури
Овие програми се покажуваат како изразено успешни доколку се применуваат по предвидените процедури. За секој програм е создадена едноставна процедура која ја олеснува примената на програмот. Следејќи ги упатствата, корисникот доаѓа безбедно до остварувањето на позитивниот краен ефект.
Времетраење
Интерактивните програми за самопомош (InInSHD) се употребуваат се додека не се постигне саканата цел. Целта е секогаш една и иста: достигнување на континуирана состојба на урамнотеженост, спокојство, пријатност и чувството на позитивна контрола врз своето здравје.
Што доколку не го почувствувате предвидениот позитивен ефект?
Тоа се должи секогаш на пројавените пречки во вашето внимание во текот на следењето на програмата, поточно тогаш кога вашето внимание отстапува од процедурата дадена во упатството. Вашето внимание е најважен фактор на успехот! Прочитајте го точно упатството за да го разберете и следете ги концентрирано чекорите предвидени во процедурите. Ефектот што ќе го почуствувате на крајот ќе биде вистинска награда за вашиот напор...
Напомена
Овие програми се така креирани да не можат да бидат штетни за корисникот. Но, поради почитувањето на клинички докажаните принципи на превенцијата, тие не се препорачуваат за индивидуи кои страдаат од функционални мозочни растројства (епилепсија, под дејство на дроги, интоксикација, исцрпеност итн.), психотично растројство и кои во моментот чувствуваат психичка растроеност, негативизам или тешкотии во вниманието.
Предупредување!
Овие програми претставуваат авторски содржини со заштитени авторски права. Секој обид за нивна неовластена употреба, дистрибуција или копирање ќе биде третиран според позитивните законски прописи на Република Македонија, како и според Законот за заштита на авторски права.
Нелегална репродукција
Било која копија која не потекнува од оригиналните содржини, поради неадекватната техничка постапка, ќе ги загуби најбитните состојки за позитивно влијание врз корисникот. Со секоја нелегална репородукција ќе бидат загубени суштествените својства (битни состојки – фреквенции, боја, ритам, енергетски промени итн.) за позитивно влијание врз корисниците содржани во оригиналот.
Аудио-визуелни програми за стрес-менаџмент