Забрзано стареење и стрес
Научниците докажале дека поради присуство на хроничен стрес во организмот доаѓа до забрзано стареење.Успешното регулирање на стресот е основа на "антиејџинг" медицината...
Стрес и карцином
Хроничниот стрес и трауматските настани во животот го "рушат" имунитетот.Научниците докажале дека под нивно дејство имунолошкиот систем дозволува појава и ширење на карцином...
Форум – Дали живееме во стрес
Дали живееме под стрес? Колку е стресот присутен во секојдневието? Што се најчестите причини за стрес денес? Членовите на Антистрес клуб дискутираат во клупскиот форум...
релаксационен тренинг
РЕЛАКСАЦИОНИОТ ТРЕНИНГ претставува аудио-визуелна програма која е наменета за практично водење низ високо ефикасен тренинг за психомоторна релаксација. Таа е воедно и ефикасна терапевтска стрес-менаџмент програма. По дваесетина минути на нејзината правилна примена ќе почувствувате длабока релаксација во вашето тело и ум, пропратена со ослободување на ендрофин во организмот.
Оваа програма е резултат на повеќе од дваесетгодишна нејзина успешна примена на полето на стрес-менаџментот. Воедно, таа преставува и основен модел на интерактивните програми за самопомош, како и воведен модел од целиот спектар на стрес-менаџмент програми. Со оваа програма би требало вообичаено да започне тренингот за стрес-менаџмент.
Употреба
РЕЛАКСАЦИОНИОТ ТРЕНИНГ е наменет за третирање на реакциите од стрес во областа на психомоторниот систем: телесната/мускулна напрегнатост, општата вознемиреност, анксиозноста, паничното пореметување, акутниот и хроничниот стрес, синдромот на прегорување, енергетскиот дефицит и дебаланс, психосоматските реакции поврзани со стрес (покачување на крвен притисок, тахикардија, итн.), хормонските и имунолошките пореметувања поврзани со стрес, несоницата, телесната болка од психичко потекло итн.
РЕЛАКСАЦИОНИОТ ТРЕНИНГ се користи во стандардна програма два пати дневно, па еднаш дневно во првите две-три недели, потоа два пати неделно и еднаш неделно во следните неколку недели, па по потреба.
Процедура
За успешна примена на РЕЛАКСАЦИОНИОТ ТРЕНИНГ потребно е внимателно следење на упатствата кои во себе ги содржи самата аудио-визуелна програма. Препуштете им се со полна концентрација и уживајте!
Напомена
Оваа програма е така креиран да не може да биде штетен за корисникот. Но, поради почитувањето на клинички докажаните принципи на превенцијата, таа не се препорачува за индивидуи кои страдаат од функционални мозочни растројства (епилепсија, под дејство на дроги, интоксикација, исцрпеност итн.), психотично растројство и кои во моментот чувствуваат психичка растроеност, негативизам или тешкотии во вниманието.
Согласност
Се согласувам да ги следам упатствата, процедурите и напомените кои се однесуваат на оваа програма за интерактивна самопомош и прифаќам да постапувам според нив.