Забрзано стареење и стрес
Научниците докажале дека поради присуство на хроничен стрес во организмот доаѓа до забрзано стареење.Успешното регулирање на стресот е основа на "антиејџинг" медицината...
Стрес и карцином
Хроничниот стрес и трауматските настани во животот го "рушат" имунитетот.Научниците докажале дека под нивно дејство имунолошкиот систем дозволува појава и ширење на карцином...
Форум – Дали живееме во стрес
Дали живееме под стрес? Колку е стресот присутен во секојдневието? Што се најчестите причини за стрес денес? Членовите на Антистрес клуб дискутираат во клупскиот форум...
висцерален тренинг
ВИСЦЕРАЛНИОТ ТРЕНИНГ претставува аудио-визуелна програма коај е наменета за практично водење низ високо ефикасен тренинг за висцерална релаксација (внатрешни органи). Таа е воедно и ефикасна терапевтска стрес-менаџмент програма наменета за чистење на насобраните стресни последици во внатрешните (висцерални) органи и сиситеми. По дваесетина минути на нејзина правилна примена ќе почувствувате длабока релаксација во вашиот организам, пропратена со ослободување на ендрофин.
Оваа програма е резултат на повеќе од дваесетгодишна негова успешна примена на полето на стрес-менаџментот. Воедно, таа преставува напреден модел на интерактивните програми за самопомош, како и интегративен дел од спектарот на стрес-менаџмент програми. Оваа програма би требало да се надгради врз базичниот тренинг за стрес-менаџмент.
Употреба
ВИСЦЕРАЛНИОТ ТРЕНИНГ е наменет за третирање на реакциите од стрес во областа на внатрешните органи и системи: внатрешната напрегнатост и вознемиреност, анксиозноста, психосоматските пореметувања поврзани со стрес (тахикардии и аритмии; хипертен-зија; коронарни – пред и постинфарктни; стрес-хиперлипидемии; кожни - невродерматити, псоријази, екцеми; заболувања на гастроинтестинален тракт – улкуси, улцерозни колити итн., белодробни – астма; ендокрини – хипер и хипотиреоза, стрес дијабетес; постоперативни итн.), синдромот на прегорување, енергетскиот дефицит и дебаланс итн.
ВИСЦЕРАЛНИОТ ТРЕНИНГ се користи во стандардна програма два пати дневно, па еднаш дневно во првите две-три недели, потоа два пати неделно и еднаш неделно во следните неколку недели, па по потреба.
Процедура
За успешна примена на ВИСЦЕРАЛНИОТ ТРЕНИНГ потребно е внимателно следење на упатствата кои во себе ги содржи самата аудио-визуелна програма. Препуштете им се со полна концентрација и уживајте!
Напомена
Оваа програма е така креиран да не може да биде штетна за корисникот. Но, поради почитувањето на клинички докажаните принципи на превенцијата, таа не се препорачува за индивидуи кои страдаат од функционални мозочни растројства (епилепсија, под дејство на дроги, интоксикација, исцрпеност итн.), психотично растројство и кои во моментот чувствуваат психичка растроеност, негативизам или тешкотии во вниманието.
Согласност
Се согласувам да ги следам упатствата, процедурите и напомените кои се однесуваат на оваа програма за интерактивна самопомош и прифаќам да постапувам според нив.