Забрзано стареење и стрес
Научниците докажале дека поради присуство на хроничен стрес во организмот доаѓа до забрзано стареење.Успешното регулирање на стресот е основа на "антиејџинг" медицината...
Стрес и карцином
Хроничниот стрес и трауматските настани во животот го "рушат" имунитетот.Научниците докажале дека под нивно дејство имунолошкиот систем дозволува појава и ширење на карцином...
Форум – Дали живееме во стрес
Дали живееме под стрес? Колку е стресот присутен во секојдневието? Што се најчестите причини за стрес денес? Членовите на Антистрес клуб дискутираат во клупскиот форум...
Ново!! Антистрес он-лајн!
Аудио-визуелни АНТИСТРЕС, ВЕЛНЕС и АНТИЕЈЏИНГ програми.
Научете ги вештините на:
Ефикасни програми за минимална цена!
Едноставни за употреба!
РЕГУЛИРАЊЕ НА СТРЕСОТ
Една од најважните вештини која треба да ја усвои современиот човек е вештината на регулирање на стресот. Управувањето со стресот представува и ќе представува темел на опстанокот и успехот на човекот од 21-и век. На табелата која следи представен е основниот модел на успешниот пристап во управувањето со стресот.
Успешното регулирање на стресот и превенцијата на стресните пореметувања воглавно се засновува на внимателното пратење на следните чекори:
- препознавање на стресорот и стресната реакција
- завземање на активен став
- регулирање на неадекватната емоционалан реакција
- регулирање на негативната мисловна содржина
- регулирање на пореметената телесна реакција
- регулирање на однесувањето
- усвојување на техниката на целена визуелизација
- регулирање на исхраната
- регулирање на одморот
- физички вежби
- оргaнизација на времето
- обезбедување на социјална подршка
Доколку личноста која е под стрес не успее самостојно да го надмине стресното пореметување преку следење на овие чекори, неопходно е да се обрати за стручна помош и да се подложи на опфатен програм за стрес менаџмент.
Долготрајното присуство на нерегулирано стресно пореметување во организмот доведува до продлабочување на дисбалансот (нерамнотежата) на сите нивоа од психо-нервно-ендокрино-имунолошката оска. Тоа натаму неизбежно води кон загрозување на здравјето, професионалната и личната функционалност, како на севкупниот опстанок на личноста која се наоѓа под стрес.