Забрзано стареење и стрес
Научниците докажале дека поради присуство на хроничен стрес во организмот доаѓа до забрзано стареење.Успешното регулирање на стресот е основа на "антиејџинг" медицината...
Стрес и карцином
Хроничниот стрес и трауматските настани во животот го "рушат" имунитетот.Научниците докажале дека под нивно дејство имунолошкиот систем дозволува појава и ширење на карцином...
Форум – Дали живееме во стрес
Дали живееме под стрес? Колку е стресот присутен во секојдневието? Што се најчестите причини за стрес денес? Членовите на Антистрес клуб дискутираат во клупскиот форум...
Ново!! Антистрес он-лајн!
Аудио-визуелни АНТИСТРЕС, ВЕЛНЕС и АНТИЕЈЏИНГ програми.
Научете ги вештините на:
Ефикасни програми за минимална цена!
Едноставни за употреба!
ЖИВОТЕН СТРЕС ТЕСТ
Збирен индекс на стрес во последните 12-24 месеци
Ова е листа на стресни настани во вашиот живот кои имаат различна вредност во однос на притисокот кој што го вршат врз вашиот организам. Преку него можете да го проверите збирниот индекс на стресот во вашиот живот во последните 12 – 24 месеци. Индексот ја одредува тежината на кумулираниот животен стрес во тој период и можните последици од него.
Упатство за пополнување:
- заокружите ги бројките од сите животни искуства кои ги имате доживеано во последните 12 – 24 месеци
- во графата „Лично вреднување“ ставите свој индекс-број наместо постоечкиот, доколку сметате дека лично го вреднувате/доживувате поинаку (пр. наместо 40 личното доживување за стрес индексот е 53...)
- соберете ги сите заокружени (ставени) вредности за да го добиете вашиот збирен индекс на стрес во последните 12-24 месеци
Животни настани во последните 12-24 месеци | Вредност (индекс) | Лично вреднување |
---|---|---|
Смрт на сопружник | 100 | |
Развод | 73 | |
Брачна раздвоеност | 65 | |
Затворска казна | 63 | |
Смрт на близок член на семејството | 63 | |
Тешка повреда или болест | 53 | |
Засновување на брак | 50 | |
Отпуштање од работа | 47 | |
Брачно помирување | 45 | |
Пензионирање | 45 | |
Здравствени проблеми или промена на однесувањето кај член од семејството | 44 | |
Бременост | 40 | |
Сексуални потешкотии | 39 | |
Принова во семејството | 39 | |
Прилагодување на работата (промени) | 39 | |
Промена на финансискиот статус | 38 | |
Смрт на близок пријател | 37 | |
Промена на работното место | 36 | |
Засилени брачни расправии | 36 | |
Давање на хипотека или поголем заем | 31 | |
Поништување на хипотека или заем | 30 | |
Насилство | 30 | |
Долготрајно боледување на член од семејството | 30 | |
Зависност од дрога или СИДА во семејството | 30 | |
Детето го напушта домот | 29 | |
Проблеми со сродник | 29 | |
Натпросечно лично доживување | 28 | |
Започнување или прекин на работата кај сопружникот | 26 | |
Започнување или завршување со школувањето | 26 | |
Промени во животните услови | 25 | |
Промена на личните навики | 24 | |
Проблеми со претпоставениот | 23 | |
Промена во работните саати/условите за работа | 20 | |
Промена на местото за живеење | 20 | |
Промена на школото | 20 | |
Промена на црковните активности | 19 | |
Промена на рекреативните навики | 19 | |
Промена на социјалните активности (дружење) | 18 | |
Помал долг | 17 | |
Промена во навиките за спиење | 16 | |
Промена во семејните среќавања | 15 | |
Промена во навиките за јадење | 15 | |
Одење на одмор | 13 | |
Новогодишни (Божиќни) празници | 12 | |
Помал законски престап | 11 | |
Други (неспомнати) животни настани | ?? | |
Тотал |
Бодување:
- 0 - 149 Ниска предиспозиција за развој на пореметувања (болести) поврзани со стрес.
- 150 – 299 Средна предиспозиција за развој на пореметувања (болести) поврзани со стрес. Се препорачува превентивна употреба на стрес – менаџмент програми.
- 300 и повеќе Висока предиспозиција за развој на пореметувања (болести) поврзани со стрес. Се препорачува редовна употреба на стрес – менаџмент програми и професионално советување.