Забрзано стареење и стрес
Научниците докажале дека поради присуство на хроничен стрес во организмот доаѓа до забрзано стареење.Успешното регулирање на стресот е основа на "антиејџинг" медицината...
Стрес и карцином
Хроничниот стрес и трауматските настани во животот го "рушат" имунитетот.Научниците докажале дека под нивно дејство имунолошкиот систем дозволува појава и ширење на карцином...
Форум – Дали живееме во стрес
Дали живееме под стрес? Колку е стресот присутен во секојдневието? Што се најчестите причини за стрес денес? Членовите на Антистрес клуб дискутираат во клупскиот форум...
Ново!! Антистрес он-лајн!
Аудио-визуелни АНТИСТРЕС, ВЕЛНЕС и АНТИЕЈЏИНГ програми.
Научете ги вештините на:
Ефикасни програми за минимална цена!
Едноставни за употреба!
ТЕСТ ЗА БЛАГОСОСТОЈБА
Возрасен АПГАР тест
Преку овој едноставен тест за самопроценка, доколку се дадат искрени одговори, може да се измери нивото на моментната благосостојбата. Резултатот може да биде употребен и за да се предвиди влошувањето. Често пати физичката и менталната исцрпеност обичните луѓе ја толкуваат погрешно, не сфаќајќи дека се во невоља.
Возрасен АПГАР тест | Вредности | ||
---|---|---|---|
0 едвај некогаш |
1 некогаш |
2 скоро секогаш |
|
1.Задоволен сум со својот пристап кон моите емоции - се смеам, изразувам тага, чувствувам задоволство или лутина. | 0 | 1 | 2 |
2.Со сигурност можам да кажам дека моите животни приоритети се мои и претставуваат чист одраз на моите вредности. | 0 | 1 | 2 |
3.Задоволен сум со мојата предаденост и ангажман кон личниот раст, иницијативата и прилагодувањето на промените. | 0 | 1 | 2 |
4.Ме задоволува начинот на кој јас, кога сум во невоља, лично и професионално, прашувам за помош – барам помош од другите | 0 | 1 | 2 |
5.Задоволен сум со одговорноста што ја преземам за својата благосостојба - физички, емоционално и духовно. | 0 | 1 | 2 |
Бодување:
- Од 9 - 10 бодови значи висок степен на благосостојба.
- Бодови од 6 - 8 значи нерамнотежа и стресови на кои треба да се обрне внимание.
- Под 5 бодови значи сериозен проблем кој што бара клучни промени за да се достигне потребната (вообичаената - нормална) благосостојба. Се препорачува професионално советување и адекватен третман.
Препорака: доколку ви е резултатот незадоволителен, започнете веднаш со тренингот за стрес-менаџмент преку користење на нашите антистрес програми!