Забрзано стареење и стрес
Научниците докажале дека поради присуство на хроничен стрес во организмот доаѓа до забрзано стареење.Успешното регулирање на стресот е основа на "антиејџинг" медицината...
Стрес и карцином
Хроничниот стрес и трауматските настани во животот го "рушат" имунитетот.Научниците докажале дека под нивно дејство имунолошкиот систем дозволува појава и ширење на карцином...
Форум – Дали живееме во стрес
Дали живееме под стрес? Колку е стресот присутен во секојдневието? Што се најчестите причини за стрес денес? Членовите на Антистрес клуб дискутираат во клупскиот форум...
Ново!! Антистрес он-лајн!
Аудио-визуелни АНТИСТРЕС, ВЕЛНЕС и АНТИЕЈЏИНГ програми.
Научете ги вештините на:
Ефикасни програми за минимална цена!
Едноставни за употреба!
СИНДРОМ НА ПРЕГОРУВАЊЕ– ТЕСТ
Доколку постои континуиран стрес поврзан со работата, голема е веројатноста за појава на така наречениот „Синдром на прегорување“ (“Burn-out Syndromе”). Tој се карактеризира со губиток на физичка, емоционална и ментална енергија. Доколку се игнорираат или негираат, последиците може да бидат сериозни не само за поединецот туку и за семејството и соработниците. Во последниве децении работниот стрес има се поголемо влијание на квалитетот на живеење на денешниот човек. Обединетите нации го прогласија работниот стрес за болест на дваесеттиот век, а Светската здравствена организација за современа “светска епидемија”.
Фази на прегорување:
Раздразнувачка фаза:
- зголемена напнатост и раздразливост, несоница, заборавност, намалена концентрација
Феномени на биопсихосоцијално ниво (отпор кон стресот со симптоми):
- боледување, отпор за одење на работа, замореност без причина, тешко донесување одлуки, социјално повлекување со цинизам, рамнодушност, зголемена употреба на кафе, алкохол, цигари и др.
Тешка исцрпеност – болест: - хронична тага, депресија, хроничен ментален или физички замор, главоболка, болки во телото, стомакот, цревата, изолација, повлекување, автодеструктивни мисли, пад на имунитет, болести во различни системи.
Тестот што ви е даден во продолжение е наменет за себепроверка од аспект на синдромот на прегорување и претставува алатка со чија правилна употреба можете да си го проверите ризикот – нивото на работниот стрес и дали има потреба да преземете нешто за негово избегнување.
Инструкции
За секое прашање, обележете го точниот одговор кој соодетствува со вашата моментна состојба. На крај соберете го резултатот и видете го неговото значење.
Поединечните вредности се :
1 - не воопшто; 2 - ретко; 3 - понекогаш; 4 - често; 5 - многу често.
Прашање | Не воопшто | Ретко | Понекогаш | Често | Многу често |
---|---|---|---|---|---|
1. Дали се чувствувате исцрпени и исцедени со пад на физичка или психичка енергија? | |||||
2. Дали се наоѓате себеси склони кон негативно размислување за вашата работа? | |||||
3. Дали се наоѓате себеси дека сте затворени или со помалку емпатија кон луѓе кои можеби и ја заслужуваат? | |||||
4. Дали се наоѓате себеси дека лесно се иритирате од ситни работи или со своите соработници или својот тим? | |||||
5. Дали се чувствувате неразбрани и неценети од вашите соработници? | |||||
6. Дали имате чувство дека немате со кого да зборувате? | |||||
7. Дали имате чувство дека постигате помалку отколку што треба? | |||||
8.Дали имате чувство дека сте под непријатно ниво на притисок да успеете? | |||||
9. Дали имате чувство дека не добивате тоа што го сакате надвор од работа? | |||||
10. Дали имате чувство дека сте во погрешна професија или погрешна организација? | |||||
1. Дали се чувствувате фрустрирани со делови од вашата работа? | |||||
12. Дали чувствувате дека организационата политика или бирократијата ве фрустрира да направите добра работа? | |||||
13. Дали чувствувате дека имате повеќе работа отколку што вие имате способност да направите? | |||||
14. Дали имате чувство дека немате време да направите многу од работите кои се значајни да ја направите работата квалитетно? | |||||
15. Дали се наоѓате себеси дека немате време да планирате колку што би сакале? |
Целосен резултат------------------ |
---|
Бодување:
15 - 18 | Немате знаци за синдром на прегорување. |
---|---|
19 - 32 | Имате мали знаци за синдром на прегорување, освен доколку некои фактори ви се високи. |
33 - 49 | Внимавајте, можеби сте во ризик од синдромот на прегорување, особено доколку некои од поените ви се високи...? |
50 - 59 | Вие сте во голем ризик од синдромот на прегорување - направете нешто итно! |
60 - 79 | Вие сте во многу голем ризик од синдром на прегорување - направете нешто итно!! |
Препорака: доколку сте во состојба на прегореност или пак сте блиску до неа, започнете веднаш со тренингот за стрес-менаџмент преку користење на нашите соодветни антистрес програми!