Deprecated: Methods with the same name as their class will not be constructors in a future version of PHP; Database has a deprecated constructor in /home4/totalbrands/public_html/includes/classes/lib/database.php on line 13

Deprecated: Array and string offset access syntax with curly braces is deprecated in /home4/totalbrands/public_html/includes/classes/models/user.php on line 45

Deprecated: Array and string offset access syntax with curly braces is deprecated in /home4/totalbrands/public_html/includes/classes/models/user.php on line 46

Deprecated: Array and string offset access syntax with curly braces is deprecated in /home4/totalbrands/public_html/includes/classes/models/user.php on line 47

Deprecated: Methods with the same name as their class will not be constructors in a future version of PHP; Form has a deprecated constructor in /home4/totalbrands/public_html/membership/classes/form.php on line 13
Антистрес | тестови - ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕ И СТРЕС - ТЕСТ

Забрзано стареење и стрес

Научниците докажале дека поради присуство на хроничен стрес во организмот доаѓа до забрзано стареење.Успешното регулирање на стресот е основа на "антиејџинг" медицината...

Стрес и карцином

Хроничниот стрес и трауматските настани во животот го "рушат" имунитетот.Научниците докажале дека под нивно дејство имунолошкиот систем дозволува појава и ширење на карцином...

Форум – Дали живееме во стрес

Дали живееме под стрес? Колку е стресот присутен во секојдневието? Што се најчестите причини за стрес денес? Членовите на Антистрес клуб дискутираат во клупскиот форум...


Ново!! Антистрес он-лајн!

Аудио-визуелни АНТИСТРЕС, ВЕЛНЕС и АНТИЕЈЏИНГ програми.

Научете ги вештините на:

релаксационен тренинг

Психомоторна релаксација

висцерален тренинг

Регулирање на стресот во внатрешните органи

позитивен тренинг

Позитивно програмирање на мислите

самоисцелување тренинг

Покренување на моќта на самоисцелување

контемплативен тренинг

Смирувачка медитација и влез во здрав сон

вионизер

Ресетирање на врската ум-тело

Ефикасни програми за минимална цена!
Едноставни за употреба!

 ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕ И СТРЕС - ТЕСТ

Лошата организација на време доведува до пореметување на оптималните биолошки, психички и социјални ритмови во кои што треба да пулсира организмот. Долгорочно, освен намалувањето на професионалната ефикасност, тоа доведува до состојба на хроничен стрес со исцрпување на организмот и развивање на синдромот на прегорување.

Тестот што следи е насочен кон добивање на валидни резултати кои треба да го потврдат постоењето на стресно пореметување поради лошата организација на време. Тестот се изведува по пат на заокружување на точките кои ги означуваат состојбите кои ги забележувате кај себе и толкување на збирниот резултат.

Дали кај себе ги забележувате следните состојби?

  • Истоштен, напнат, уморен („прегорен“)
  • Губење време на состаноци
  • Надвор од рамнотежа, надвор од контрола
  • Одложување на важни нешта
  • Губење на важни врски и релации
  • Другите ме онерасположуваат со негативно однесување
  • Се враќам дома претепан и исцрпен
  • Не ги достигнувам сопствените цели
  • Не го добивам признанието што го заслужувам
  • Немам доволно време за релаксација и празнење
  • Се чувствувам како да сум фатен во замка, блокиран, како да ги пропуштам нештата
  • Немам доволно време за пријатели и личен развој
  • Немам доволно пари во животот, финансиски притисоци
  • Потреба да се помине времето на одмор во „издувување“
  • Се жалам на мојот живот
  • Донесени одлуки околу Нова Година и нивно реализирање
  • Забрзано одење на работа наутро
  • Недоволно „позитивно“ време за себе
  • Раздразнет/а поради „вртење во место“, немање напредок
  • Помалку задоволство со тоа што го правам сега од пред неколку години
  • Имам премногу работа, немам доволно време за мене и семејството
  • Чувствувам дека сум расеан и дека животот поминува покрај мене
  • Запишан/а на програм за вежбање, но не се придржувам
  • Чувство на намален морал и самодоверба
  • Во кризна состојба сум, гаснам пожари
  • Отфрлање непријатни задачи, пропуштени крајни рокови и доцнење
  • Работите стануваат „закоравени“
  • Без јасна визија за иднината, во исчекување на следен чекор
  • Поголемо уживање во слободните денови отколку во работната недела
  • Имам работа со неразумен шеф
  • Без уживање одам на работа во понеделник
  • Секогаш ми кажуваат што да правам, немам доволно слобода
  • Чувство на загриженост, вина, депресија, притисок и анксиозност
  • Чувство на нерешителност – премногу избори
  • Морам да работам и за време на ручек, до доцна и по завршување на работното време
  • Поминувам време во дневно сонување, посакувам да сум пензиониран
  • Не ги постигнувам навреме работите, туку во брзање и под присила
  • Чувство дека треба да правам многу компромиси
  • Прекинувањата (отсуствата) ме вадат од колосек
  • Премногу приоритети, често се чувствувам неподготвен и под притисок


Дали посакувате да го постигнете следното?

  • Да го елиминирате чувството на прегореност
  • Да имате повеќе задоволство во текот на работната недела
  • Да го намалите стресот
  • Да се радувате на понеделникот
  • Да имате подобро вечерно спиење
  • Да ги намалите грижите, вината и притисокот
  • Да уживате во повеќе енергија преку целиот ден
  • Да уживате во дневната пауза за ручек
  • Да бидете повеќе во рамнотежа преку целиот ден
  • Да ги завршувате работите на време
  • Да бидете повеќе во контрола
  • Да ги намалите прекинувањата (отсуствата)
  • Да уживате во подобар квалитет на животот
  • Да контролирате повеќе избори
  • Да имате повеќе мир во главата
  • Да го намалите изгубеното време на состаноци
  • Да уживате во подобри врски и релации
  • Да дојдете до значајни работи и да ги одработите
  • Да уживате во чиста, јасна визија за иднината
  • Да ја подобрите личната мотивација
  • Да поставите и достигнете повеќе лични цели
  • Да имате повеќе пари и помал финансиски притисок
  • Да уживате повеќе време во релаксација
  • Да ја управувате својата судбина
  • Да поминувате повеќе време со пријателите
  • Да одите на работа свежи и спокојни (а не во брзање)
  • Да имате повеќе задоволство во тоа што го правите
  • Да дојдете дома релаксирани и енергизирани
  • Да го подобрите личниот морал
  • Да имате повеќе време за семејството
  • Да ја подобрите самодовербата
  • Да имате повеќе време за себе и за тоа што го правите
  • Да се ослободите од непријатните задачи
  • Да следите правилна исхрана и да успеете во тоа
  • Да ги завршите задачите пред планираното време
  • Да се справите со кризните ситуации
  • Да пристигнете секаде на време
  • Да стоите на врвот од работите
  • Повеќе лична слобода во и надвор од работата
  • Полесно и поефикасно донесување одлуки


Проверете го својот збир!

ТАБЕЛА

0 - 5 80% сте ефикасни Некои мали измени би помогнале?
5 - 15 65% сте ефикасни Неколку подобрувања би направиле голем успех во Вашето дневно функционирање?
16 - 20 50% сте ефикасни Губите половина од Вашиот потенцијал?
20 + 20% сте ефикасни Што ќе направите во врска со тоа?

ОЦЕНКА:

 

Препорака: доколку збирот укажува на пад на ефикасноста под 65%, покрај регулирање на времето започнете веднаш со вашиот тренинг за стрес-менаџмент преку користење на нашите антистрес програми!

Што е тоа стрес?

Дали, колку и кога е опасен?

Информирајте се правилно за стресот и стресните последици!

Колку сте под стрес?

Колкава ви е склоноста и ризикот кон стресни пореметувања во моментов?

Дали сте анксиозен, депресивен?

Имате ли панични напади?

Тестирајте се бесплатно!

Сакате да научите како да го регулирате стресот?

Одберете го вистинскиот програм за самопомош!

Имате потреба од стручен совет?

Советувајте се он-лајн!

Сакате да учествувате во заштитени групни дискусии?

Бидете учесник на клупскиот форум!

Имате потреба од достап до специјални програми за регулирање на стресот и стресните последици?

Станете член на Антистрес Клуб!

Сакате неограничен месечен пристап до аудио-визуелните програми?

Станете член на Антистрес Клуб!