Deprecated: Methods with the same name as their class will not be constructors in a future version of PHP; Database has a deprecated constructor in /home4/totalbrands/public_html/includes/classes/lib/database.php on line 13

Deprecated: Array and string offset access syntax with curly braces is deprecated in /home4/totalbrands/public_html/includes/classes/models/user.php on line 45

Deprecated: Array and string offset access syntax with curly braces is deprecated in /home4/totalbrands/public_html/includes/classes/models/user.php on line 46

Deprecated: Array and string offset access syntax with curly braces is deprecated in /home4/totalbrands/public_html/includes/classes/models/user.php on line 47

Deprecated: Methods with the same name as their class will not be constructors in a future version of PHP; Form has a deprecated constructor in /home4/totalbrands/public_html/membership/classes/form.php on line 13
Антистрес | Почетна

Забрзано стареење и стрес

Научниците докажале дека поради присуство на хроничен стрес во организмот доаѓа до забрзано стареење.Успешното регулирање на стресот е основа на "антиејџинг" медицината...

Стрес и карцином

Хроничниот стрес и трауматските настани во животот го "рушат" имунитетот.Научниците докажале дека под нивно дејство имунолошкиот систем дозволува појава и ширење на карцином...

Форум – Дали живееме во стрес

Дали живееме под стрес? Колку е стресот присутен во секојдневието? Што се најчестите причини за стрес денес? Членовите на Антистрес клуб дискутираат во клупскиот форум...


Ново!! Антистрес он-лајн!

Аудио-визуелни АНТИСТРЕС, ВЕЛНЕС и АНТИЕЈЏИНГ програми.

Научете ги вештините на:

релаксационен тренинг

Психомоторна релаксација

висцерален тренинг

Регулирање на стресот во внатрешните органи

позитивен тренинг

Позитивно програмирање на мислите

самоисцелување тренинг

Покренување на моќта на самоисцелување

контемплативен тренинг

Смирувачка медитација и влез во здрав сон

вионизер

Ресетирање на врската ум-тело

Ефикасни програми за минимална цена!
Едноставни за употреба!

Овој проект е создаден за да одговори на потребите на човекот од 21-от век, согласно современите текови во животот и работењето...

Основи

Во Република Македонија постои голема потреба од советување во областа на стресот и стресните пореметувања. Тоа се должи на вонредното покачување на пореметувањата поврзани со стресот и емоционалните страдања кај домашната популација во последните дваесетина, а особено во последните десетина години.
Од друга страна, во последните десетина години се забележува изразена тенденција потребите да се остваруваат преку интернет комуникацијата (писма, он-лајн врска, форуми...).

Цел

Главна цел на проектот е создавање на високо ефикасен интерактивен портал за примена на единствени антистрес, велнес и антиејџинг програми за мала цена

Задачи

Главни задачи на проектот се:

  • обезбедување на важни информации за стресот и стресните пореметувања
  • бесплатно тестирање со цел навремено откривање и проценка на стресните пореметувања
  • користење на високоефикасни антистрес (стрес-менаџмент) он-лајн програми за ниска цена
  • советување (е-маил) на далечина
  • групна комуникација (форуми и др.)
 

Целни групи

Целни групи кон кои е насочен овој проект се:

  • Поединци кои имаат потреба од редовно он-лајн користење на антистрес, велнес и антиејџинг програми
  • Поединци кои страдаат од психосоцијални стресни пореметувања (акутни, хронични, трауматски и посттрауматски, кризи на прилагодување итн.)
  • Поединци кои страдаат од психосоматски и психо-нервно-ендокрино-имунолошки заболувања поврзани со стрес: тахикардии и аритмии; коронарни – пред и постинфарктни; стрес - хиперлипидемии; невродерматити, псоријази, екцеми, косопад итн; заболувања на гастроинтестинален тракт – улкуси, улцерозни колити, илеити, итн., ендокрини – хипер и хипотиреоза, стрес дијабетес, ПМС, аменореа итн.; имунолошки пореметувања како резултат на исцрпување од хроничен стрес – намален имунитет, малигноми, автоимуни заболувања, постоперативни итн.
  • Поединци кои страдаат од невротски пореметувања (страв, паники, анксиозност, фобии итн.)
  • Поединци и групи - припадници на професионални улоги и тимови кои се изложени на постојан работен стрес и подложни на синдромот на прегорување (брн-аут)
  • Фирми, организации и институции заинтересирани за соработка на проектот
 

Проектен тим

Автор на овој проект, воедно и раководител на стручниот тим, е спец. Др. Звонко Џокиќ, невропсихијатар и психотерапевт. Тој е меѓународно познат и признат експерт, со огромно искуство и постигнати резултати во областа на стресот и стресните пореметувања. Едновремено, тој е и творец на посебни програми, патенти и брендови во тие области, меѓу кои и таканаречените „Интерактивни интернет програми за самопомош“ (InInSHD).

Користење на порталот

Одберете ја рубриката која ви е потребна и внимателно прочитајте ги информациите кои стојат во неа. Правилното следење на упатствата ќе ви овозможи директен пристап до потребните програми, а тие понатаму ќе ве водат кон успешната примена на содржините кои ги предвидува проектот. Ви посакуваме со нашите програми да ги достигнете најважните цели поради кои се тие и креирани – здравјето, среќата и успехот!

Што е тоа стрес?

Дали, колку и кога е опасен?

Информирајте се правилно за стресот и стресните последици!

Колку сте под стрес?

Колкава ви е склоноста и ризикот кон стресни пореметувања во моментов?

Дали сте анксиозен, депресивен?

Имате ли панични напади?

Тестирајте се бесплатно!

Сакате да научите како да го регулирате стресот?

Одберете го вистинскиот програм за самопомош!

Имате потреба од стручен совет?

Советувајте се он-лајн!

Сакате да учествувате во заштитени групни дискусии?

Бидете учесник на клупскиот форум!

Имате потреба од достап до специјални програми за регулирање на стресот и стресните последици?

Станете член на Антистрес Клуб!

Сакате неограничен месечен пристап до аудио-визуелните програми?

Станете член на Антистрес Клуб!