Deprecated: Methods with the same name as their class will not be constructors in a future version of PHP; Database has a deprecated constructor in /home4/totalbrands/public_html/includes/classes/lib/database.php on line 13

Deprecated: Array and string offset access syntax with curly braces is deprecated in /home4/totalbrands/public_html/includes/classes/models/user.php on line 45

Deprecated: Array and string offset access syntax with curly braces is deprecated in /home4/totalbrands/public_html/includes/classes/models/user.php on line 46

Deprecated: Array and string offset access syntax with curly braces is deprecated in /home4/totalbrands/public_html/includes/classes/models/user.php on line 47

Deprecated: Methods with the same name as their class will not be constructors in a future version of PHP; Form has a deprecated constructor in /home4/totalbrands/public_html/membership/classes/form.php on line 13
Антистрес | Инфо - теориски основи

Забрзано стареење и стрес

Научниците докажале дека поради присуство на хроничен стрес во организмот доаѓа до забрзано стареење.Успешното регулирање на стресот е основа на "антиејџинг" медицината...

Стрес и карцином

Хроничниот стрес и трауматските настани во животот го "рушат" имунитетот.Научниците докажале дека под нивно дејство имунолошкиот систем дозволува појава и ширење на карцином...

Форум – Дали живееме во стрес

Дали живееме под стрес? Колку е стресот присутен во секојдневието? Што се најчестите причини за стрес денес? Членовите на Антистрес клуб дискутираат во клупскиот форум...


Ново!! Антистрес он-лајн!

Аудио-визуелни АНТИСТРЕС, ВЕЛНЕС и АНТИЕЈЏИНГ програми.

Научете ги вештините на:

релаксационен тренинг

Психомоторна релаксација

висцерален тренинг

Регулирање на стресот во внатрешните органи

позитивен тренинг

Позитивно програмирање на мислите

самоисцелување тренинг

Покренување на моќта на самоисцелување

контемплативен тренинг

Смирувачка медитација и влез во здрав сон

вионизер

Ресетирање на врската ум-тело

Ефикасни програми за минимална цена!
Едноставни за употреба!

ТЕОРИСКИ ОСНОВИ

Што е тоа стрес? На ова прашање многу автори се обиделе да дадат воедно концизен и опфатен одговор, опишувајќи ги при тоа поединечно делумно феномените на стресната ситуација (стресор) и стресниот одговор. При тоа стресната ситуација е одредена како состојба предизвикана со промени во надворешната или внатрешната средина, кои ја пореметуваат динамичната биопсихосоцијална рамнотежа која не може потоа да се воспостави за вообичаено долг период на време. Стресниот одговор е дефиниран како реакција на организмот кон одреден предизвикувач – стресор.

Најпрагматичната дефиниција ја дал Х.Сели кој што ги открил основните закони во реакциите на организмот при ваквите состојби и нивните механизми. Тој го дефинира стресот како: „... униформен, но неспецифичен одговор на организмот при делување на стресор...“. Понатаму, тој стресорот го дефинира како : „... секој оној агенс (физички, хемиски, инфективен, психички и социјален) кој што може да го загрози телесниот и психичкиот интегритет на индивидуата. Исто така, тој кажува и дека постои само мал дел на универзални стресори (болест, војни, природни катастрофи и сл.), додека најголем број претставуваат тнр. индивидуални стресори, кои претставуваат специфични загрозувачи само за една индивидуа. Тоа значи дека стресот е индивидуално доживување, односно дека секоја личност има свој спектар на психички и социјални стресори, на кои квалитативно и квантитативно реагира, исто како да е биолошки загрозена.

Од конзистентноста на ова истражување и неговите резултати може поедноставено да се заклучи дека: „Стресот претставува состојба на загрозеност на интегритетот на организмот кој е под влијание на различни фактори кои потекнуваат од надворешната или, пак, од внатрешната (психичка и соматска) реалност.

Причини

Современиот човек се наоѓа под силно влијание на множество фактори. Тој е под постојан притисок да ја одржи адаптацијата кон забрзаните и зачестените промени во околината и својот организам. Едновремено, забрзаната динамика на случувања во околината и условите на кои треба да се прилагоди создаваат се поголеми пречки пред можностите за задоволување на внатрешните потреби, што се доживува како состојба на зачестена фрустрираност. Опасностите кои демнеат од околината за да го нарушат неговиот интегритет се множат, со што тој често се судира со стравовите за својата загрозеност и несигурна иднина. Секојдневните пореметувања на еколошкиот амбиент, се почестите војни кои се шират по светот, егзистенцијалната несигурност, пореметувањата во семејните и социјалните релации стануваат реални и трајни извори на стресот кај современиот човек.

Психосоцијалниот стресор е еден од најзастапените извори на стрес во денешницата. Во интерперсоналните (меѓучовечки) релации современиот човек често се чувствува исфрустрирано или, пак, дури и загрозено во обидите за достигнување и одржување на својот автентитечен или претпоставен идентитет. Во нив тој го доживува и преживува стравот од конфликти, можните губитоци на битните категории од неговиот емотивен живот, како и од соочувањето со проблемите во разрешувањето на побудената сопствена агресивност и немоќта во вештината на комуникацијата со другите. Сето ова, заедно со веќе споменатите биолошки, хемиски, физички, инфективни и социјално-политички фактори, човековата единка го доживува како сопствено загрозување, што претставува реална подлога за развивање на стрес.

Стресот на работното место зазема се позначајно место во спектарот на психосоцијалните страдања на денешниот (глобализациски) човек. Обединетите нации во 1992 година го прогласија работниот стрес за болест на дваесеттиот век, а Светската здравствена организација за „светска епидемија“. Изминатата декада од 21. век покажа негово напредување кон лидерска позиција во спектарот на стресните пореметувања, особено потенцијалот на неговите разорни моќи кои, преку развивање на „синдромот на прегорување“ а заедно со хроничниот стрес, стануваат главни човекови непријатели во урбаните средини.

Новите причини за зголемување на стресните реакции кај човековите единки во последните години се изродуваат од видно пореметениот однос кон храната, одморот, дневно-ноќниот ритам, организацијата на времето, неурамнотеженото користење на новите справи од информатичко-телекомуникациската сфера и забрзаното ширење на зависностите од најразличен вид. Овие фактори ја намалуваат општата отпорност во човековиот организам и воедно со тоа го изложуваат на оштетувања и при помали стресни провокации. Ефектите на овој нов бран на извори на стресот ќе доживеат сопствена кулминација во скор период, воведувајќи го човештвото, доколку не реагира со соодветна превенција, во нови форми на заболувања и застранувања.

Реакции на организмот

Човековиот организам реагира на стресните фактори со промени во внатрешноста кои се изразуваат врз неговите психички, телесни, висцерални (органски) и имунолошки функции. Тоа е резултат на целината која ја создава психо-невро-ендокрино-имунолошката оска која постои во секој човеков организам, а што современата наука веќе поодамна го има осознаено и прифатено како интегративен модел.

На психичко ниво стресот се доживува најчесто како состојба на внатрешна напрегнатост, немир, непријатно исчекување, страв, загриженост... Ова е често пропратено со нерасположение, импулсивност, немотивираност, безволие, пореметено спиење, промени во нагонската сфера, како и со мускулна напрегнатост, болки во телото, главоболки и сл. Емотивното пореметување натаму преку одредени врски и центри во мозокот предизвикува пореметување во работата на хормоните.

Стресот создава оптеретување и дисбаланс во функциите на вегетативниот нервен систем, кој што ја регулира работата на внатрешните органи и жлезди. Оттаму се создава потенцијал, доколку не настане навремено регулирање на стресот, за развивање на психосоматски болести кај човекот, од типот на: тахикардии, аритмии, атеросклероза, хипертензија, срцев инфаркт, бронхиална астма, чир на желудникот и тенкото црево, мигрени, тиреотоксикоза, диабетес мелитус, улцерозен колитис, неуродерматитис, екцема, псориаза итн.

Хроничниот стрес може да доведе до намалување или исцрпување на одбрамбените сили на организмот, таканаречениот имунитет. Тоа натаму може да доведе до развивање на склоност кон инфекции, автоимуни заболувања (артритис, лупус, мултипла склероза итн.) како и малигни тумори во организмот на човекот.

Стресот на работно место е поврзан со појавата на состојбата на „прегорување“ (“burn out” – syndrome). Симптомите на оваа состојба можат да бидат физички (главоболки, хроничен замор, намалена отпорност кон злоупотреба на алкохол и дроги, болести итн.), когнитивни (цинизам, негативизам, стереотипност, интелектуализации итн.), емоционални (емоционална исцрпеност, празнина, чувство на беспомошност) и бихејвиорални (жалби на работата, изостаноци, напуштање на работата или професијата, социјално повлекување итн.).

Превенција

Основниот пристап кон стресната состојба треба да биде насочен кон превенцијата, спречувањето на нејзиното појавување или долгото опстојување кое што може да нанесе големи оштетувања на здравјето и однесувањето кај човекот.

Практичната превенција во основа се состои од следните чекори:

  • препознавање на стресните ситуации

  • препознавање на стресните реакции и навики

  • заземање активен став кон промена

  • совладување на стресните реакции со помош на вештините на стрес-менаџмент

  • регулирање на стресните навики по пат на креирање на здрав модел на живеење

 

Регулација

Практичното надминување на веќе создадената стресна состојба и пореметувањата кои настанале се изведува преку специфично дизајнирани програми за стрес-менаџмент (антистрес програми). Со правилното следење и изведување на овие програми организмот треба да се ослободи од пореметената состојба на дисбаланс и да се врати во состојба на примарен баланс - хомеостаза.

Во склоп на секој квалитетен и стручно дизајниран програм за стрес-менаџмент постои и практична обука (тренинг) за самопомош при стрес. Со тоа секој корисник стекнува алатка за самостојно регулирање на стресните состојби во иднина.


Што е тоа стрес?

Дали, колку и кога е опасен?

Информирајте се правилно за стресот и стресните последици!

Колку сте под стрес?

Колкава ви е склоноста и ризикот кон стресни пореметувања во моментов?

Дали сте анксиозен, депресивен?

Имате ли панични напади?

Тестирајте се бесплатно!

Сакате да научите како да го регулирате стресот?

Одберете го вистинскиот програм за самопомош!

Имате потреба од стручен совет?

Советувајте се он-лајн!

Сакате да учествувате во заштитени групни дискусии?

Бидете учесник на клупскиот форум!

Имате потреба од достап до специјални програми за регулирање на стресот и стресните последици?

Станете член на Антистрес Клуб!

Сакате неограничен месечен пристап до аудио-визуелните програми?

Станете член на Антистрес Клуб!