Deprecated: Methods with the same name as their class will not be constructors in a future version of PHP; Database has a deprecated constructor in /home4/totalbrands/public_html/includes/classes/lib/database.php on line 13

Deprecated: Array and string offset access syntax with curly braces is deprecated in /home4/totalbrands/public_html/includes/classes/models/user.php on line 45

Deprecated: Array and string offset access syntax with curly braces is deprecated in /home4/totalbrands/public_html/includes/classes/models/user.php on line 46

Deprecated: Array and string offset access syntax with curly braces is deprecated in /home4/totalbrands/public_html/includes/classes/models/user.php on line 47

Deprecated: Methods with the same name as their class will not be constructors in a future version of PHP; Form has a deprecated constructor in /home4/totalbrands/public_html/membership/classes/form.php on line 13
Е-советување | Тестови

Забрзано стареење и стрес

Научниците докажале дека поради присуство на хроничен стрес во организмот доаѓа до забрзано стареење.Успешното регулирање на стресот е основа на "антиејџинг" медицината...

Стрес и карцином

Хроничниот стрес и трауматските настани во животот го "рушат" имунитетот.Научниците докажале дека под нивно дејство имунолошкиот систем дозволува појава и ширење на карцином...

Форум – Дали живееме во стрес

Дали живееме под стрес? Колку е стресот присутен во секојдневието? Што се најчестите причини за стрес денес? Членовите на Антистрес клуб дискутираат во клупскиот форум...


Ново!! Антистрес он-лајн!

Аудио-визуелни АНТИСТРЕС, ВЕЛНЕС и АНТИЕЈЏИНГ програми.

Научете ги вештините на:

релаксационен тренинг

Психомоторна релаксација

висцерален тренинг

Регулирање на стресот во внатрешните органи

позитивен тренинг

Позитивно програмирање на мислите

самоисцелување тренинг

Покренување на моќта на самоисцелување

контемплативен тренинг

Смирувачка медитација и влез во здрав сон

вионизер

Ресетирање на врската ум-тело

Ефикасни програми за минимална цена!
Едноставни за употреба!

ПИСМЕНО СОВЕТУВАЊЕ

Цел

Оваа рубрика е наменета за индивидуално советување на корисниците од областа на стресот и допирните подрачја по пат на писмо. Целта е корисникот да добие специфични одговори на поставените прашања како и стручни упатства кои ќе бидат од негова корист и за негова лична помош. Рубриката не е јавна, туку со гарантирана дискреција. Комуникацијата останува во рамките на односот корисник - стручен тим на порталот.

Форма

За овој вид на советување корисникот во своето писмо треба да ги состави важните информации спрема одредена шема (прашалник), која ќе му помогне на стручниот тим да возврати со функционален одговор.

НАПОМЕНА

Рубриката не е бесплатна. Корисникот ја уплаќа предвидената сума пред да добие одговор на своето прашање, во моментот на преземањето на прашалникот. Откако ќе биде потврдена уплатата, стручниот тим во најкус можен рок, а најдоцна десетина дена по приемот на уплатата, ќе го достави одговорот до корисникот по пат на е-писмо (е-маил).
 

Прашалник

Пополни го прашалникот...
 

   
 
 

КРАТКИ ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Цел

Оваа рубрика е наменета за корисниците да поставуваат кратки и целени прашања од областа на стресот и психотерапијата, за да добијат прецизни одговори од општ и информативен карактер. Рубриката е јавна, прашањата и одговорите кои ќе бидат одбрани од стручниот тим ќе бидат јавно изложени на општ увид за сите корисници на порталот.

Форма

Корисниците кои сакаат да постават прашања во оваа рубрика ќе треба истото да го состават концизно за да добијат прецизен одговор. Текстот којшто го содржи прашањето треба да биде составен од максимум две до три реченици. Одговорите од стручниот тим ќе бидат кратки, конкретни и информативни.

Напомена

Рубриката е бесплатна. Стручниот тим нема обврска да одговори на сите поставени прашања, туку на оние за кои смета дека ќе бидат од општ интерес. Ритамот на давањето на одговори ќе го одреди стручниот тим на порталот.

Во последно време се соочувам со неможност да одговорам на секојдневните обврски, депресивно расположение, променливо расположение, повлекување, навраќање на негативни спомени од детството, често плачење, неможност да донесам било какви одлуки, збунетост, стрес и нервоза. Што би ме посоветувале?
Феномените што ги наведовте во Вашето писмо и што ги доживувате во последно време, како што велите, заедно водат кон она што вообичаено се категоризира како „кризна состојба„. Препорачливо е да изберете квалитетен и искусен психотерапевт, по можност да има клиничко искуство во психијатријата, за да заеднички ги истражите сите важни аспекти кои стојат зад и се во врска со оваа состојба.. А понатаму и да ја разрешите на најповолен начин за Вас...

Почитувани,последниов период(околу 9 месеци) чувствувам напнатост,проследена со негативни и параноични мисли.Од тоа што го прочитав по интернет заклучив дека се работи за опсесивно-компулзивно пореметување. Инаку ќе споменам и дека сум хипоходрик, меѓутоа многу ретко земам апчиња, ептен кога е потребно, обично се придржувам кон здрава исхрана и некои алтернативни методи на лекување.Дали би можеле да ми кажете како да си помогнам, затоа што се плашам оваа моја состојба да не премине во нешто посериозно?
Симтпомите кои ги опишавте никогаш не настануваат случајно, туку со некоја или некои причини. Вообичаено симптомите и знаците на психичко страдање настануваат во спрегата меѓу внатрешни и надворешни фактори и немоќта на личноста да се справи со нив. Поголемиот дел од оваа констелација често е несвесна за личноста која страда. Оттаму е пожелно да се упатите на стручен разговор со искусен психијатар и клинички психотерапевт, кој воедно добро ја познава и длабинската (психоаналитичка) психологија, како и современите достигнувања од областа не стресот. Потоа би можеле да се одредат соодветни терапевтски насоки...

Dali gestalt terapija pomaga za namaluvanje na stresot, ankcioznost i panicni stravovi?
Гешталт терапијата е неспецифична метода за совладување на стресот и неговите последици..

Како можам да ја контолирам нервозата, стресот, безволноста, промената во расположението? Како резултат на што ми се појавува неконтролирана нервоза придружена со многу плачење и дали имам потреба од стручен совет и посета на стручно лице?
Неконтролата врз нервозата, стресот, безволноста, плачењето и промената на расположението се знаци на нарушување на психичкиот баланс, штој често може натаму да изроди ширење и продлабочување на спектарот на симптоми и знаци. Бидејќи немате увид во причините и механизмите на настанување на споменаттите пореметувања, како и оттаму на надминување на истите, предлагаме обавезно советување со искусен стручњак, невропсихијатар или психијатар кој е воедно и психотерапевт.

Pocituvani, ve molam da mi kazete dali posle terapija so Asentra I Heleks od 2 god,a potoa so Deprozel ,za na kraj so Elicea i Heleks po 1 god. pak moze da se pojavat Panicni napadi , Anksioznost i strav i dali ima spas od ovie napadi.
Паничните напади со помош на фармакотерапијата (лекарства) можат да се ублажат, или пак да ги снема за известен период. Потоа, поради различни причини (стресна ситуација, емотивна провокација и сл.) тие можат да бидат повторно предизвикани. Паничното пореметување вообичаено со лекарствата станува покриено и стои во мирување, но не е и со трајно причинско (каузално) разрешување. Трајното разрешување може да настане само по пат на клиничка, мултифокална комбинирана психотерапија.

Дали антидепресивите и анксиолитиците ствараат зависност,пр.Хелекс и Флузепам и колку време може да се употребуваат без штетни последици.
Споменатите медикаменти мошне често се употребуваат како општа замена или, пак, дополнување на целениот и адекватен антистрес третман. Подолготрајната нивна употреба развива прво психичка, а потоа и биолошка (физичка) зависност. 

Pocituvani, dali hronicniot raboten stres moze da vlijae na namaluvanje na performansite vo rabotenjeto?
Да и тоа преку следните механизми: демотивација, отпори, нетрпеливост, конфликтност, намалување на креативноста, откажување, зголемено отсуство, зголем внес на храна, алкохол, цигари, почесто разболување, прекинување на активностите итн.

Почитувани, ме интересира дали и колку можат да помогнат вашите аудиовизуелни програми доколку веќе некој има последици од стрес? Или помагаат само превентивно?
Аудиовизуелните програми можат многу да помогнат и при отклонувањето, или намалувањето, на последиците од стресот, но и како ефикасна регулација - превенција од развивање на несакани последици од стресот. Треба само внимателно да се следат инструкците кои се дадени за нив.

Dali e stresot povrzan so bolesti?
Досегашните научни истразувања покажаа дека стресот е, директно или пак индиректно, во основа на скоро 90% од болестите. 

Зачленете се, за да поставите прашање.

Што е тоа стрес?

Дали, колку и кога е опасен?

Информирајте се правилно за стресот и стресните последици!

Колку сте под стрес?

Колкава ви е склоноста и ризикот кон стресни пореметувања во моментов?

Дали сте анксиозен, депресивен?

Имате ли панични напади?

Тестирајте се бесплатно!

Сакате да научите како да го регулирате стресот?

Одберете го вистинскиот програм за самопомош!

Имате потреба од стручен совет?

Советувајте се он-лајн!

Сакате да учествувате во заштитени групни дискусии?

Бидете учесник на клупскиот форум!

Имате потреба од достап до специјални програми за регулирање на стресот и стресните последици?

Станете член на Антистрес Клуб!

Сакате неограничен месечен пристап до аудио-визуелните програми?

Станете член на Антистрес Клуб!